Untitled Document
Untitled Document
 English
Untitled Document
 Историјат ::
 Други спонзори ::
    Работнички - Фени Индустри 56-11008.03.2010
  
     

Младиот состав на Работнички само имаше сила за една четвртина отпор против Фени Индустри. Откако првиот квартал заврши со минимални 18-17 за кавадарчани, на паркетот доминираше гостинскиот тим. Во втората четвртина која Фени ја доби со 29-4, најрасположен беше Јововиќ со 14 поени. Второто полувреме беше формалност во која „портокаловите“ постојано ја зголемуваа предноста која на крај изнесуваше 54 разлика. Ова е најтежок пораз за Работнички во натпревар на домашна сцена и најубедлив во „Градски парк“. Тимот на Игор Гацов беше уште повеќе ослабен откако си замина и најдобриот играч Марко Симоновски, кој прејде во клуб од Кипар. Талески со 16 и Готиќ со 12 беа најефикасни во поразениот тим.

Без многу мака светиниколчани ги прокнижија однапред вкалкулираните бодови од натпреварот со Пелистер. Уште во првите 10 минути домашните имаа убедлива предност од 34-14, па до крајот на средбата шанса да заиграат добија сите во составот на Овче Поле. Довчерашниот „пелистерец“ Александар Хелд со 24 поени беше најдобриот поединец на мечот. Кај битолчани, Анакиевски со 30 и велешанецот Ќурчиев со 22 поена спречија поубедлив пораз на тимот во кој исто така сите влегоа во игра.

По победата над Торус, на Вардар осигурување само чудо може да му го одземе првото место на табелата во кошаркарската Суперлига, а 7 коло ќе остане запаметено и по рекордниот пораз на најтрофејниот македонски клуб Работнички, додека Овче Поле и без својот прв стрелец Небојша Ристиќ ја оправда улогата на фаворит во дуелот со „фенерџијата“ Пелистер.

Вардар Осигурување предводен од ветеранот Перо Блажевски, славеше во дербито против незгодниот Торус со 85-81. За „сино-белите вардарци“ ова е четврта победа над Торус сезонава, но ниту една од нив не беше лесна. Гостите добро почнаа, водеа со 17-7 во 7 минута, но Торус направи пресврт и во 18 минута поведе со 35-33.

Торус не се предаде и по петтиот фаул на Стојановски поведе со 75-74, а домашните имаа плус и од 81-80 во 39 минута, но до крајот веќе не дадоа кош. На спротивната страна расположениот Блажевски погоди тројка на 17,4 секунди до крајот. Јован Марковски беше непрецизен во обидот за три, а потоа и Дарко Ѓоргоски утна од близина по што следуваше фаул над Тони Симиќ кој двапати беше прецизен од пенал линијата на 2,6 секунди до крајот и на стави крај на дилемите окику победникот. Кај Торус го немаше повредениот Миловиќ, а најдобар беше Димитар Караџовски со 30 поени, додека Алекс Опачиќ имаше 16 поени и 10 скока. Блажевски со 22 поени беше најдобар поединец во победничкиот тим во кој уште четворица играчи ја надминаа бројката од 10 поени.

Резултати: Торус - Вардар осигурување 81-85, Овче Поле - Пелистер 96-86, Работнички - Фени Индустри 56-110.

(Извор: www.dnevnik.com.mk)

 

Назад

UPM Design ©2007