Untitled Document
Untitled Document
 English
Untitled Document
 Историјат ::
 Други спонзори ::
    Фени ќе брка голема разлика против Стеауа03.03.2010
  
     

Победа со што е можно поголема разлика е желбата на кошаркарите на Фени индустри пред вечерашниот дуел со романскиот тим Стеауа (18 часот) дома во заостанатиот меч од 8. коло од Еврохолд Балканската лига (БИБЛ).

Кавадарчани се во „мртва“ трка за лидерската позиција на табелата во групата Б заедно со бугарски Левски во која буквално секој поен е важен. Во моментов Фени е третопласиран со резултат 6-2, зад Левски (7-2) и ОКК Београд (6-3) со кош разлика од плус 61 (694-633). Бугарскиот тим во моментов има далеку подобра кош-разлика (плус 103), но избраниците на тренерот Емил Рајковиќ ќе се обидат истата да ја анулират на преостанатите два меча од регуларниот дел. Фени задутре ќе одигра и меч со ОКК Београд во рамките на редовното 10. коло.

(Извор: www.novamakedonija.com.mk)

 

Назад

UPM Design ©2007